Search

Се судија трактор и товарно возило, трактористот пренесен во болница

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево од 11:25 часот беше во прекин во двата правца поради случена сообраќајна несреќа.

Од МВР за Курир потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајка на патот Делчево – Пехчево.

-Во несреќата учествувале товарно моторно возило и трактор. Возачот на тракторот со повреди е пренесен во болница, ова се првичните информации ги соопштија од полицијата за несреќата.

Патниот правец сега е пуштен за сообраќај

Треба да знаете
Последни објави