Search

Позанти ли се министрите од ВМРО-ДПМНЕ, Тошковски останува во МВР, Николоски оди во транспорт и врски?

Откако Христијан Мицкоски го доби мандатот за состав на новата Влада, забрзано се одвиваат преговорите за поделба на министерски места.

Списокот и поделбата во ВМРО-ДПМНЕ се веќе направени, брифираат извори од владејачката партија.

Според нив, веќе е извесно дека министер за финансии ќе биде Гордана Димитриевска Кочовска, Тимчо Муцунски ќе го предводи министерството за надворешни работи и меѓународна трговија, Весна Јаневска ќе седне во министерската фотелја за образование, а Борко Ристовски министер во новоформираното министерство за спорт.

Сепак она што е најинтересно е поделбата на секторите МВР и одбрана.

Според последните информации, Панче Тошковски би останал во МВР, додека неговиот најсериозен конкурент Александар Николовски би го зел ресорот транспорт и врски, а Владо Мисјаловски пак, би станал министер за одбрана.

Во ресорот култура министер би станал актерот Зоран Љутков, Стефан Андоновски би останал во МИОА, додека Ѓоко Велковски би го презел минитерувањето со Министерството за локална самоуправа.

По добивањето на мандатот, Мицкоски има уште скоро две недели да го скрои новиот владин состав.

Она што веќе е извесно е дека во новата Влада, покрај ВМРО-ДПМНЕ, ќе се најдат и ВРЕДИ и ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави