Search

Нетанјаху ќе се обрати во американскиот Конгрес на 24 јули

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе одржи говор на заедничката седница на двата дома на американскиот Конгрес на 24 јули, потврдија денеска лидерите на Конгресот.

– Овој двопартиски состанок на претставниците на двата дома во американскиот Конгрес го симболизира трајниот однос меѓу САД и Израел и ќе му даде на премиерот Нетанјаху можност да ја сподели визијата на израелската влада за одбрана на нејзината демократија, борбата против тероризмот и воспоставување праведен и траен мир во регионот, се вели во заедничката изјава на претседавачот со Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон и лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Мекконел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека за време на неговата посета ќе му ја претстави на американскиот Конгрес, како што наведе, „вистината за војната против Хамас во Појасот Газа“.

– Многу сум трогнат што ќе ја имам привилегијата да го претставувам Израел пред двата дома на Конгресот и да им ја откријам на претставниците на американскиот народ и на целиот свет вистината за нашата праведна војна против оние кои се обидуваат да не уништат, рече претходно Нетанјаху.

Засега не се знае дали Нетанјаху ќе се сретне и со американскиот претседател Џозеф Бајден за време на неговата посета на САД.

Треба да знаете
Последни објави