Search

Крмов: Мицкоски и Гаши ги прекршија собраниските процедури уште на втора седница

Носењето на закони, чии текстови се менуваат на буквално 12 часа пред седницата е класичен шверцерат! Левица цврсто стои на ставот дека системските закони кои се од огромна важност и баш поради ова не смеат да бидат менувани по скратена постапка.

– Зборуваме за системски закон, тоа е за измена и надополнување на Закон за организација и работа на органите на државната управа. Ние го добиваме материјалот во средаби вчера во 22:30 ч. вие го повлекувате Законот и поднесувате друга измена. Како очекувате пратениците да дискутираат за овој закон – истакна народниот пратеник Борислав Крмов во процедурално обраќање на денешната седница.

– Собранието го правиме извршител, неполитички орган, којшто ја извршува волјата на политичките партии кои што прават договори позади сцена. Значи, ние продолжуваме со вониституционално водење на државата – додаде Крмов.

– Ова собрание нема редовна постапка. Скратената постапка е новата редовна постапка и се тераме на брза лента како да сме чиновници – појасни Крмов.

Треба да знаете
Последни објави