Search

Доктор Даниловски предупредува да не наседнувате на вакви измами: Објавена слика како е претепан, па нуди лек

Името на епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, за три месеци, три пати е злоупотребено во лажна реклама за продажба на чај, кој наводно ги прочистува крвните садови, но овој пат веста се спонзорира со многу бомбастичен наслов “Скандал на „Канал 5“ – познат македонски кардиолог беше удрен во лице во студиото на „Канал 5“ за откривање нов метод за чистење на крвните садови во секоја возраст!”

За измамата да биде уште полоша, заедно со лажното интервју, е објавена и фотографија на човек во болнички кревет со монтирана фотографија од докторот.

Докторот и овој пат ги демантира информациите од лажната реклама и алармира граѓаните да не наседнуваат на вакви одвратни измами!

“А П Е Л ДО ГРАЃАНИТЕ!

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ОВАА ГНАСНА ИЗМАМА!

И покрај поднесената пријава до Основното јавно обвинителство, мафијата не мирува! Повторно ми го злоупотребуваат името за продажба на некаков чај!

Измислено е сѐ!

Ниту сум кардиолог, ниту сум дал било какво интервју, ниту сум тепан!”, стои во неговата изјава на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави