Search

Деспотовски ги повикува своите противкандидати на јавна дебата

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, преку социјалните мрежи упати повик до сите противкандидати за учество на јавни дебати на кои се ќе разговара за понудените програми.

„Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на серија на јавни дебати. Тоа им го должиме и на членовите, но и на сите граѓани, кон кои и денес и во периодот по избор на нов претседател треба да продолжиме да им се обраќаме. Сите кандидати зборуваат за луѓето, за членството, за важноста на „теренот“. Затоа очекувам сите да ја прифатат оваа иницијатива и да излеземе пред луѓето со своите програми, предлози, ставови и одговори. СДСМ е голема политичка партија, која во минатото секогаш ги движела процесите во општеството. Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници.

Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг на наши членови, а не само на тесен избор на партиски структури. Процесот на избор на претседател на СДСМ е се освен прашање/право на затворен круг на луѓе. Дебатата мора да биде широка, а во изборот да вклучиме што е можно поголем број од нашите десетици илјади членови. Нашите членови, избирачи се значаен дел од македонската јавност и тоа не смее да се заборава“ пишува Деспотовски.

Треба да знаете
Последни објави