Search

Гутереш повика на прекин на непријателствата долж линијата на разграничување меѓу Израел и Либан

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш апелираше за прекин на непријателствата долж линијата на разграничување меѓу Израел и Либан и изрази загриженост поради ризикот од ширење на конфликтот во регионот.

-Генералниот секретар уште еднаш ги повикува страните на итен прекин на огнот“, изјави портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дижарик.

„Оваа размена на оган може да предизвика поширок конфликт со катастрофални последици за регионот“, предупреди тој.

„Сината линија“ на разграничување меѓу Израел и Либан беше воспоставена од ОН.

Во последните денови дојде до интензивирање на секојдневната размена на оган меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах, во екот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинскиот Хамас, чиј сојузник е Хезболах.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека Израел е „подготвен за многу интензивна операција“ на северната граница.

Треба да знаете
Последни објави