Деспотовски нуди нов почеток и нов СДСМ

Во 5 до 12 часот напладне кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски кој ги претстави своите постулати од изборната програма.

Деспотовки под мотото „Нов почеток“ нуди коренити реформи во партијата откако СДСМ пред помалку од еден месец катастрофално ги загуби парламентарните избори.

„НОВ ПОЧЕТОК, НОВ СДСМ е храбра нова програма заснована на колективно лидерство, инклузивност и директна демократија. За партија од која нема да се срамиме, партија која е наша, на сите подеднакво, а не на поединци, не на структури и интересни групи. За НОВ СДСМ во кој има место за сите. Нудиме концепт што обединува, а не фаворизира. За НОВ СДСМ во кој воведуваме систем на мерливост на резултатите од политиките што ги носиме. За НОВ СДСМ во кој нема да зборуваме, туку ќе дејствуваме. За НОВ СДСМ во кој секој глас се слуша“ порачува Деспотовски.

Денеска покрај Депотовски, кандидатури за претседател на СДСМ поднесоа и Славјанка Петровска и Венко Филипче.

Крајниот рок за доставување кандидатури е утре, а гласањето ќе се одржи на 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави