Search

Линијата „5“ се враќа на старата почетна станица во Дексион

Поради поправка на улицата каде што завршува возниот ред на градскиот скопски автобус со број “5”, возачите досега не возеа до последната станица “Дексион” и не ја почнуваа линијата од таму, туку во близина на станицата.

Тие вртеа од кај приватната болница “Санте плус” во населбата “Ѓорче Петров”, по улицата “Стево Црвенковски”, каде што им беше и прва и последна станица.

Од денеска, линијата “5” повторно започнува од првата станица и поминува на “Дексион”.

Треба да знаете
Последни објави