Search

Се запали автобус со деца од екскурзија во Србија

Во градот Станишинци, на 12 километри пред Врњачка Бања, се запалил автобус кој превезувал деца на екскурзија, јави порталот Н1.

Во автобусот имало 76 ученици и нема повредени.

Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Инцидентот бил пријавен околу 14 часот и 10 минути, на местото на настанот пристигнала полиција и пожарникари.

Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.

Треба да знаете
Последни објави