Search

Израел во екот на војната во Газа договори купување на 25 американски ловци Ф-35

Израел договорил да купи 25 американски борбени авиони Ф-35, потврди израелското Министерство за одбрана и додаде дека тоа е трета ескадрила борбени авиони Локхид Мартин кои се интегрирани во израелските вооружени сили.

Израелските воздухопловни сили ќе имаат на располагање 75 од овие „невидливи“ авиони. Испораката се очекува да почне во 2028 година, со три до пет авиони годишно. Авионите ќе го чинат Израел околу три милијарди долари.

Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека набавката на третата ескадрила авиони Ф-35 „ја одразува силата на стратешкото партнерство меѓу Израел и САД“.

Во писмо до американската влада, Галант вети дека американското оружје ќе се користи во согласност со меѓународното право.

Во екот на војната во Појасот Газа, постојано има меѓународни протести против испораките на американско оружје за Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец се закани дека ќе ја прекине испораката на некои видови оружје доколку Израел ги нападне густо населените урбани центри во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. 

Треба да знаете
Последни објави