Search

Изгаснат пожарот во автобусот кој носеше деца на екскурзија

Изгаснат е пожарот што зафати автобус што превезувал деца на екскурзија и што се запали на 12 километри од Врњачка Бања. Во инцидентот нема повредени, јавија српските медиуми. Во автобусот имало вкупно 76 патници.

Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.

Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека е изгаснат пожарот во автобусот кај Врњачка Бања, кој превезувал ученици од Младеновац на екскурзија.

-Изгаснат пожарот на двокатен автобус, сопственост на фирмата „Лека превоз“ од Звечка кај Обреновац, што се случи во местото Станишиќи, кај Врњачка Бања. Автобусот превезувал ученици од шесто одделение на основното училиште „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац, кој вчера отишол на дводневна екскурзија.

Во моментот на пожарот во автобусот имало 76 патници и сите безбедно го напуштиле автобусот. Истрагата е во тек по наредба на обвинител.

Треба да знаете
Последни објави