Трагедија: 18 месечно бебе се задуши со пластично капаче од паста за заби

Една секунда била доволна за 18-месечно бебе да се задуши со пластичнo капаче од паста за заби. Трагедијата се случила минатата недела во семејниот дом во Лидо, Венеција, додека бебето било со мајката. Според кажувањата на мајката Емили, таа ја однела својата ќерка во тоалет да ѝ ги измие забите, меѓутоа, девојчето во еден момент ја зело пастата, ја ставило во уста и го скинала горниот дел, пластичното капаче.

„Јас и ќерка ми бевме во бањата за да ѝ ги измијам забите. Таа најде нов производ на кој сè уште беше пластичното капаче, запечатено, но успеа да го откине со забите”, рекла Емили.

Родителите веднаш се обиделе да ги одблокираат дишните патишта, но за жал не успеале.

Бидејќи не можеле сами да го извадат парчето пластика од нејзиниот душник, веднаш се упатиле во локалната болница, од каде што требало да биде пренесена во Падова. Меѓутоа, хеликоптерот имал проблеми, па одлетале со друг, губејќи драгоцено време.

Девојчето околу 12 часот пристигнала во Падова, каде била приклучена на апарат.

„Предолго беше без кислород, со инструменти ја извадија пластиката што ја голтна. Се прашуваме зошто не ја извадија веднаш во Венеција. Нема ли таму инструменти? Ги молевме лекарите да го направат тоа, неколку пати “, изјавила мајката.

Малото девојче во петокот било приклучено на апарат и цела ноќ се борела да преживее. За жал, во саботата наутро на лекарите им било јасно дека нема надеж за малото девојче.

„Болничарите во Венеција беа добри, час и половина се обидуваа да ѝ го спасат животот, не се откажаа. Да имаа машина да видат каде е заглавена пластиката, можеби ќе ја спасеа“, заклучила мајката.

Треба да знаете
Последни објави