Португалија ги заострува правилата за мигрантите

Португалија најави нов план за заострување на правилата за мигрантите, следејќи ги другите земји од ЕУ, само неколку дена пред граѓаните на Европската унија да излезат на гласање што може да ја сврти политиката на Унијата надесно.

Според новите правила, мигрантите ќе мора да имаат договор за вработување пред да се преселат во Португалија.

– Во Португалија ни требаат луѓе кои се подготвени да ни помогнат да изградиме поправедно и попросперитетно општество. Но, не можеме да одиме во друга крајност и да ја имаме вратата ширум отворена, рече португалскиот министер Луис Монтенегро.

Владата ќе го забрани широко користениот механизам за „изразување интерес“ кој со години им дозволуваше на мигрантите од земјите кои не се членки на ЕУ без договор за вработување да се преселат во Португалија и да бараат престој откако ќе плаќаат социјално осигурување една година.

Укинувањето на овој механизам значи дека мигрантите мора да имаат договор за вработување пред да се преселат во земјава. Приоритет ќе биде влезот на квалификувани професионалци, студенти, луѓе од земјите од португалско говорно подрачје и луѓе кои сакаат да им се придружат на нивните семејства. Од Владата не откриваат детали за каков тип на „квалификации“ станува збор.

Треба да знаете
Последни објави