Search

Несреќа во центарот на Скопје – малолетник со мотор прегазил 60-годишен маж

Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави