Search

Избегнувајте ги продавниците кои не дозволуваат со платежна картичка да купите шише вода, велат банкарите

Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите.

Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите ги даваат без надомест, а волја на малопродажниот објект е дали ќе ги прифати или не.

-Многу е едноставно. Сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, односно за работење со посттерминали, уредите ги даваат без надомест. Таа цела инвестиција е од страна на банките. Волјата на крајниот клиент, во конкретниот случај, малопродажниот објект, е дали ќе ги прифати или не. Народната банка со Законот за платежни услуги ја ограничи висината на заменските надоместоци меѓу банкарските провизии што една банка ги наплаќа на друга и реално цената на трансакциите е симната. Оттука, желба на самиот малопродажен објект е дали ќе го прифати или не или ако е расипан, дали ќе се јави веднаш да го поправат или не. Ограничување од аспект на сума нема никогаш, ниту за каква било трансакција. И јас лично имам видено – за цигари не може, за ова е вака, минимум 300 денари, но ниту една банка за тоа нема дадено такви, ниту формални, ниту неформални инструкции. Најдобар лек за тоа е да ги игнорираме тие продавници, односно да одиме во продавниците каде нашите навики ќе бидат соодветно задоволени и ќе има посттерминал да си платиме и да си купиме едно шишенце вода за 22 денари, истакна денеска Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.

Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата „Дигитализација на финансиските услуги и нивна примена во банкарскиот сектор“ што ја организира Народната банка за медиумите, Чадиковски потенцира дека нема никакво ограничување од страна на банкарскиот сектор, туку дека се работи за лична волја на малопродажните објекти.

На работилнбицата беше истакнато дека граѓаните полека ги менуваат навиките и ги прифаќаат електронските услуги на банките. Иако 73 отсто од малопродажните плаќања во рамки на ЕУ се уште се во кеш, расте интересот за користење платежни картички и електронски трансакции.

Треба да знаете
Последни објави