Search

Убиство во Боговиње: Вербална расправија завршила со пукање

Вербална расправија утрово во Боговиње завршила со пукање, при што едно лице е убиено.

Според информациите на МВР, убиен е 47-годишен маж со иницијали А.Ј. Најпрво настанала вербална расправија, по што М.М. (50) го убил, а веднаш бил приведен од полицијата.

„Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј. На местото на настанот се Јавен обвинител и полициски службеници кои вршат увид“, стои во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави