Search

Убиецот од Боговиње бил фатен по само 15 минути – жртвата ја убил во хотел

Педесетгодишен маж со иницијали М.М. е осомничен дека утрово во 10:15 часот во хотелски објект во село Боговиње со огнено оружје го убил лицето А.Ј (47) од истото село со кое имале меѓусебно нетрпение.

Според информациите од полицијата, на убиството претходела расправија.

Петнаесет минути подоцна убиецот бил фатен на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, додека возел со својот автомобил од марката „бмв“.

При прегледот на возилото била пронајдена и одземена автоматска пушка.

Мажот е задржан во полициска станица на натамошна постапка, а Јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави