Search

Три пешаци прегазени само во изминатите 24 часа

Од денешниот билтен на МВР дознаваме дека само во претходните 24 часа низ Македонија прегазени се дури три пешаци и истите веднаш биле пренесени во болница.

На 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Исто така, на 01.06.2024 во 09.40 часот во ОВР Струга, било пријавено дека на ул.„Пабло Неруда” во Струга патничко возило „опел” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

И третиот случај се случи исто така вчера на 01.06.2024 во 07.40 часот кога било пријавено дека на ул.„Илинденска” во Пехчево товарно возило „мерцедес” со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(64), удрило во пешакот А.В.(66), двајцата од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Пехчево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Треба да знаете
Последни објави