Search

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е можно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Договорот, кој треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемии, по признаените неуспеси за време на пандемијата на COVID-19, го преговараа 194 земји-членки на СЗО две години.

Организацијата првично имаше намера да постигне договор оваа недела, но разговорите беа одложени поради длабоките поделби меѓу богатите и посиромашните земји околу прашања како што се споделувањето вакцини и подготвеноста.

Но, земјите успеаја да се договорат за паралелен договор со кој се ажурираат постојните законски обврзувачки здравствени правила, познати како Меѓународни здравствени регулативи, кои вклучуваат нова категорија на „пандемични итни случаи“ за најважните и глобално загрозувачки здравствени кризи.

„Историските одлуки донесени денес ја покажуваат заедничката желба на земјите-членки да го заштитат своето и светското население од заедничкиот ризик од кризи во јавното здравје и идни пандемии“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Целта на промените во глобалните здравствени правила е да се зајакне светската одбрана од новите патогени откако COVID-19 кој уби повеќе од 7 милиони луѓе, според податоците на СЗО.

Треба да знаете
Последни објави