Search

Прво ја претепал и за малку ќе ја убиел, сега објавува експлицитни фотографии доколку не излезе со него: Македонка бара заштита од институциите

Изминативе денови на социјалните мрежи се врти објава на една македонка која како што вели поминува низ пекол, откако нејзиниот партнер пред една година најпрво ја претепал и за малку не ја убил, а сега објавува нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи кога таа не сака да излезе со него и да ги задоволи неговите потреби и покрај мерките за заштита.

Од институциите и од сите граѓани бара помош со цел да се заштити себеси и нејзиниот син кој како што вели доживува психички трауми а не сака да бега и да се крие.

Целата објава можете да ја прочитате во продолжение:

“Луѓе, јас навистина не знам повеќе како да се заштитам од сето оваа што преживувам последната година.
Покрај тоа што завршив на операцијата од насилство кое го доживеав од мојот сакан, истиот продолжува и понатаму да ми го загорчува животот, посебно тогаш кога и покрај мерките на претпазливост не излезам и не ги задоволна неговите потреби.

Овој пат барам јавна поддршка и помош, да се спасам и да се заштитам себе а воедно и моето дете кое помина низ психички трауми, од еден насилник, убиец, злоставувач, а пред се психопат.

А не сакам да се кријам по туѓи домови да менувам броеви, моето дете да губи другарчиња и школски денови.
Барам помош за законски постапување, протвор и судска разрешница.

За лицето Д.Т. од Куклиш очигледни не постои закон со кој јас како жртва во секоја форма на насилство ќе ме заштити.

Истиот продолжува со уцени и објавување на мои ексципилитни фотографи, само за тоа што е одбиен да излезам со него. А институциите не постапуваат. Дали чекат да се случи убиство, не знам!?

Се обраќам до сите граѓани, пријатели, познаници и не знани за помош, јас оваа траума не можам да ја издржам, мојата здраствена состојба е во мн лошо ниво
Покрај тоа што немам услови да се лечам од повредите, да правам редовни прегледи и контроли јас не можам понатаму нити да преживуваат во оваа психичка состојба.
Се обраќам до правни лица кои се благо наклонети кон правдата и би сакале да ми помогнат да се спасам од овој лавиринт во кој се изгубив.

За тоа што јас повеќе не можам да се борам со оваа бесчувствително општество, и не совесни институции.
Знаев дека ќе е тешко, но не верував дака толуку мн ќе биде тешко и дека оние кои треба да ме заштиташ ќе ме остават да бидам курбан на еден психопат”, стои во објавата.

Треба да знаете
Последни објави