Search

Посебен сообраќаен режим денес во Скопје – избегнувајте го овој дел од градот

Поради ревијална трка, денеска од 11:00 до 12:00 часот ќе има посебен режим на сообраќајот во главниот град, информира СВР Скопје.

На скопските улици ќе се одржи ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички.

Мерките за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трките.

„Притоа, стартната позиција на трката е од Порта ‘Македонија’, десно вдолж ул. ‘Димитрие Чупоски’, десно по ул. ‘Васил Главинов’, право по бул. ‘ВМРО’, лево по бул. ‘Илинден’ до крстосницата со ул. ‘Наум Наумовски Борче’ – Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев“, информираат од СВР Скопје.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Треба да знаете
Последни објави