Search

Исмаил: Опасност за државата се штетните договори и веењето на големоалбанските знамиња

– Она што е опасност и опасно по државата се: Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Бадентер, територијалната поделба, веењето на големоалбанските знамиња – истакна пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, во контра-репликата на собраниската седница.

Хактан потенцираше дека, апсолутно, тој не зборува против Албанците, туку дека зборува против фактот што сопартијците на Гаши се претставници на необалистичката идеологија. Тој директно се осврна кон предложениот кадар за спикер, поддржан од ДПМНЕ и ЗНАМ.

– Тука не зборуваме за професионални кадри, туку зборуваме за политички решенија, затоа што ова е политичко тело и ние зборуваме за политички курс којшто ќе го фати оваа нова влада и ова ново собрание – додаде пратеникот Исмаил.

– Јас како Турчин токму тоа и го зборувам: дека вашата бинационалност којашто ја промовирате тука, ги потиснува другите – поентираше потпретседателот на Левица и пратеник во Собранието, Реџеп Исмаил – Хактан.

Треба да знаете
Последни објави