Search

Хаос во Софија – Хулигани прекинаа натпревар, кршеа се пред себе

Натпреварот помеѓу ЦСКА Софија и ЦСКА 1948, беше прекинат во 87. минута поради упад на навивачите на теренот.

Впечаток е дека навивачите не влегоа на теренот со намера да се пресметаат, туку да кршат. И тоа го направија.

Еден од камерманите кој случајно се нашол на теренот настрада. Хулиганите му ги украле слушалките и целосно го уништиле стативот на камерата.

Полицијата ја растера толпата со солзавец.

Натпреварот на крајот продолжи и заврши со победа на ЦСКА 1948 со 2:0.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Треба да знаете
Последни објави