Search

Туск: Хакерскиот напад врз новинската агенција е намерата на Русија да ја дестабилизира Полска

Хакерскиот напад врз полската новинска агенција (ПАП) сведочи за намерата на Русија да ја дестабилизира ситуацијата во Полска пред изборите за Европскиот парламент, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

„Уште еден многу опасен хакерски напад добро ја илустрира стратегијата на Русија за дестабилизирање на ситуацијата во пресрет на изборите за Европскиот парламент“, напиша Туск на мрежата „Икс“.

Тој оцени дека се поочигледно е колку се важни изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 9 јуни.

Хакери, најверојатно поврзани со руските специјални служби, извршија сајбер напад врз ПАП, ставајќи на системот на полската државна новинска агенција две лажни информации за мобилизација на 200.000 Полјаци во блиска иднина да се борат во Украина, соопштија претходно полските власти.

Треба да знаете
Последни објави