Search

Одложен мечот меѓу Тајсон и инфлуенсерот Пол

Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол е одложена на неодредено време поради здравствени проблеми на легендарниот американски боксер.

На Тајсон неодамна му се слошило додека се качувал на лет од Мајами за Лос Анџелес, а ситуацијата се влошила во воздухот.

Ситуацијата стана доста драматична и беше неопходно итната медицинска помош да го чека веднаш по слетувањето. Американските медиуми објавија дека се работи за чир на желудникот, што е проблем кој Тајсон го има подолго време.

„Сакам да им се заблагодарам на моите фанови ширум светот за поддршката и разбирањето во овој период. За жал, мојот лекар ме советуваше да го намалам тренингот на неколку недели за да се одморам и закрепнам. Моето тело е во подобра состојба отколку што беше од 1990-тите и наскоро ќе се вратам на целосниот распоред за тренинзи. Џејк Пол ова можеби ти купи малку време, но сепак ќе бидеш нокаутиран. Благодарен сум за вашето трпение и едвај чекам да ви приредам незаборавен настап подоцна оваа година“, рече Тајсон.

Засега не е познато кога ќе се одржи спектаклот првично закажан за 20 јули на стадионот „AT&T“ во Тексас.

Кога тоа ќе се случи, тие ќе боксираат во осум рунди во траење од по две минути, а прогнозите се такви што Пол има поголема предност пред Мајк Тајсон.

Треба да знаете
Последни објави