Search

Макрон се сретна со Јулија Навалнаја во Елисејската палата

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Елисејската палата ја прими руската опозициска лидерка во егзил Јулија Навалнаја и уште еднаш ја осуди „неразумната смрт“ на нејзиниот сопруг Алексеј, соопшти денеска Елисејската палата.

Францускиот претседател „уште еднаш и изрази сочувство на Јулија Навалнаја по необјаснетата смрт на Алексеј Навални додека беше во затвор во Русија“.

Макрон „се потсети на Алексеј Навални и неговата храброст во борбата против корупцијата и во корист на слободата на изразување“, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Емануел Макрон „ја потврди и поддршката на Франција за сите бранители на човековите права“.

– Вчера разговарав со Емануел Макрон за тоа како Франција може да му помогне на граѓанското општество во Русија и пошироко во борбата против Путин и неговата диктатура, објави Јулија Навалнаја во соопштението за печат.

– Благодарна сум што сфаќа дека има многу луѓе во Русија кои се против војната во Украина и на кои им е потребна помош и поддршка, додаде таа.

Нејзиниот сопруг Алексеј Навални, главниот противник на Владимир Путин, почина на 16 февруари 2024 година во затвор на Арктикот под неразјаснети околности.

Јулија Навалнаја, нејзините приврзаници како и странски лидери го обвинија рускиот претседател за убиство на активистот кој издржуваше долга затворска казна за „екстремизам“. Кремљ ги отфрли обвинувањата

Треба да знаете
Последни објави