Search

Зеленски: Руските терористи го разбираат само јазикот на силата

Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимка од последиците од нападот и го повика Западот итно да испорача системи за противвоздушна одбрана, меѓу кои особено ги нагласи американските ракети Патриот.

– Руските терористи го разбираат само јазикот на силата. Единствениот начин да се запре овој терор и да се спречи тој да стане нормален е веднаш да се почне со преземање ефективни одлуки. Украинското небо мора да биде целосно заштитено, со цел лудаците во Кремљ да сфатат дека нивниот терор е бескорисен, изјави Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави