Франција им забрани на израелските компании да учествуваат на саемот за оружје

Франција им забрани на израелските компании да учествуваат на изложбата на воената индустрија Евросатори во Вилпент во близина на Париз во јуни, објавија денеска организаторите на настанот и француското Министерство за одбрана.

„Со одлука на владините тела, на Евросаториумот 2024 нема да има израелски штанд“, изјави портпаролот на организаторот.

Министерството за одбрана соопшти дека „сега кога претседателот го повикува Израел да ја прекине операцијата во Рафа, веќе не се исполнети условите за претставување на израелските компании на саемот“.

Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „огорчен“ од смртта на 45 лица во пожар во шаторската населба Рафа во Појасот Газа, предизвикан од израелски воздушен напад.

На Макрон во осудата му се придружија и други светски лидери.

Треба да знаете
Последни објави