Фицо пренесен од Бањска Бистрица во Братислава, ќе закрепнува дома

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска од болницата во Бањска Бистрица е префрлен дома во Братислава.

Порталот наведува дека Фичо ќе се опорави дома и дека тоа било негова желба.

Директорката на Факултетската болница во Бањска Бистрица, Миријам Лапуникова за телевизијата „та3“ ја потврди информацијата за трансферот.

Како што јави РТВС, хеликоптерот со словачкиот премиер требало да полета од Бањска Бистрица околу 18 часот и да слета во Братислава.

На 15 мај, 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во Фиц, кој веднаш бил приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Бањска Бистрица каде му е извршена операција.

Цинтула е во притвор, а се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави