Search

Ниту денеска не се избра претседател на Уставен суд

Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на  Уставниот суд.  Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство. 

Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. 

Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави