Македонските девојки беа добри домаќинки за аусајдерот Молдавија

Македонската женска фудбалска репрезентација не ја искористи предноста на домашниот терен против аутсајдерот во групата Молдавија со која ремизираше (1:1) во квалификациски натпревар за ЕП 2025. Првото полувреме не донесе возбудувања, но затоа на почетокот на вториот дел паднаа двата гола. Улза Максути обезбеди водство за Македонија во 52. минута, а само три минути подоцна изедначи Каролина Табур постигнувајќи го првиот гол за својата репрезентација во овие квалификации. Македонија останува втора на табелата во групата со четири бодови, два помалку од Словенија, а еден повеќе од Летонија, кои допрва треба да го одиграат меѓусебниот меч. Молдавија, пак, е последна со еден бод. Пласман во следната фаза од квалификациите сигурно ќе обезбеди првопласираниот тим, како и три селекции од петте второпласирани во секоја од групите.

Треба да знаете
Последни објави