Search

Зајкова: Доколку се работи за интерес на државата ќе поддржиме и политики на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека ЛДП во парламентот ќе дејствува независно. Таа истакна дека Коалицијата го задржува односот на опозициска партија во Собраннието и дека очекува сите партии да останат конзистентни во своите ставови.

– Ние во изминатиот парламентарен состав бевме двајца пратеници, претходно, нашите претходници исто така беа двајца, тоа значи дека ЛДП дејствува независно од сите останати политики, но, согласно своите програмски правци и политики во Собранието.

Знаете дека и во претходниот парламентарен состав, ЛДП не ги подржа измените на КЗ, Законот за игри на среќа, туку имаш повеќе свои законски иницијативи кои што се однесуваа на измените на КЗ во делот на застареност на кривичните дела, законски иницијативи кои што се однесуваа на благосостојба на животните, барањето за една изборна единица повторно останува – образложи таа.

Во врска со односите на ЛДП со СДСМ, таа рече дека се коректни, исто како и со сите актери на политичката сцена. Зајкова сподели дека доколку се работи за интерес на државата, тие би поддржале и политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави