Search

Ѓоковиќ без проблеми го мина 2. коло на Ролан Гарос

Првиот светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ без проблеми обезбеди настап во 3. коло на вториот сезонски грен-слем турнир Ролан Гарос, совладувајќи го Шпанецот Роберто Карбалес Баена со максимални 3:0 во сетови (6:4, 6:1, 6:2). Ѓоковиќ против 63. тенисер на АТП листата, Баена одигра во свој стил не оставајќи му надеж на противникот дека може да приреди изнеандување. Шпанецот беше достоен ривал само во првиот сет, додека во преостанатите два доминираше Ѓоковиќ, препуштајќи му на противникот само три гејма. Србионот во шеснаесетфиналето ќе се соочи со подобриот од Монфис и Мусети кои играат вечерва. Место во наредната фаза обезбедија и Хуркач, Димитров, Оже-Алијасим, Зверев…

Треба да знаете
Последни објави