Search

ConocoPhillips ја купи Marathon Oil за 22,5 милијарди долари

Американската компанија за нафта и гас ConocoPhillips се договори за откуп на Marathon Oil за 22,5 милијарди долари.

После ExxonMobil и Chevron ConocоPhillips е третата по големина американска нафтена компанија.

Акционерите на Marathon ќе добијат по 0.2550 акции од ConocoPhillips за секоја хартија од вредност што тие ја поседуваат. Според ова Marathon се оценува на 33,33 долари за акција или повеќе од 15 отсто од пазарната вредност заклучно крајот на тргувањата на берзите синоќа.

Зделката покрива и 5,4 милијарди долг на Marathon и се очекува да биде завршена во четвртото тримесечје на 2024 година.

Акциите на Marathon Oil се зголемија за 7 отсто до 28,39 додека хартиите на Conoco поевтинија приближно за 3 отсто, за време на тргувањата по крајот на берзата синоќа.

Треба да знаете
Последни објави