Search

Четворица од повредените во несреќата кај Младеновац се со тешки телесни повреди

Во тешка сообраќајна несреќа, по директен судир на автобус и автомобил, утрово кај Младеновац едно лице загина, а повредени се 29. Министерот за здравство Златибор Лончар соопшти дека од 29 повредени, четворица се со тешки телесни повреди. „Примени се 29 пациенти, од кои четворица се со тешки телесни повреди. Дијагностиката се прави во моментов. Четворица сигурно ќе бидат задржани, а за другите ќе видиме подоцна“, изјави министерот за здравство за Телеграф.рс.

Загинатото лице во несреќата е возачот на автомобилот.

Треба да знаете
Последни објави