Search

ЦУК во последното деноноќие примил 1.446 повици на бројот 112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало два пожара на отворено.

Пожарникарите од Струмица од 13:30 до 15:30 часот гаснеле запалено ѓубре во с. Баница со пет пожарникари и едно возило.

Од „Национални шуми“ известија дека пожарот кај с. Коџлија, започнат на 27 мај во 18:30 часот, е изгаснат вчера во 08:00 часот. Изгореле два хектара дабова шума.

Во Тетово, преку 112, е пријавено неексплодирано убојно средство во Гостивар. Местото е обезбедено и убојното средство ќе се подигне безбедно во текот на денешниот ден.

ЦУК апелира до граѓаните ако најдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, да не ги фаќаат, туку да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и неутрализираат, посочуваат од ЦУК.

Во последното деноноќие, ЦУК примил 1.446 повици на бројот 112, од кои 57,47% биле реални, а останатите за други потреби. Од реалните повици, 55,17% биле за полиција, 35,96% за итна медицинска помош, а 13,94% за пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави