Search

Спектакл во Париз – Швјонтек спаси меч топка па ја победи Осака

Бранителката на титулата на Ролан Гарос, Ига Швјонтек, мина низ пекол во второто коло против поранешната број 1 Наоми Осака. Тенисерката од Полска беше пред елиминација, но на крајот по три часа спектакуларен тенис „Филип Шатрие“ го напушти со високо кренати раце.

Швјонтек ја победи Осака со 7:6, 1:6, 7:5.

Јапонката која во периодот од 2018 до 2022 година освои четири грен слем титули пропушти меч топка во осмиот гем решавачкиот сет.

Швјонтек подобро го започна мечот, прва направи брејк, но Осака откако го врати брејкот дојде и до сет топка. Бранителката на трофејот успеа да се извлече од таа ситуација, да избори тај-брејк во кој ја прегази противничата со 7:1.

Од тој момент на Осака започна да домиира, експресно го доби вториот сет, изедначи на 1:1, а потоа поведе и со 3:0 во третиот сет. Дојде Јапонката и до 5:2, во наредниот гем имаше меч топка и тука застана. Едноставно нејзината игра се распадна, започна да греши, а Швјонтек нанижа пет гема и го заклучи мечот.

Треба да знаете
Последни објави