Search

Совет од нутриционистите: Ова лето јадете повеќе дињи

Дињата е освежително, мулти-здраво овошје кое е синоним за лето. Жолтото или портокаловото месо е полно со витамини од А до Ц, како и со есенцијални хранливи материи кои можат да му помогнат на имунолошкиот и дигестивниот систем, покажуваат студиите.

Има многу причини дињата да се најде на нашата трпеза во наредните месеци, велат нутриционистите.

„Дињата е одличен додаток на менито ако сакате да јадете повеќе хидратантна храна, храна против воспаление и храна богата со хранливи материи“, вели Хоуп Брант, американска диететичарка.

Во контекст на урамнотежена исхрана, таа станува добар извор на антиоксиданси, калиум и влакна – хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот, помагаат во процесот на варење и обезбедуваат заштита од хронични болести, е заклучок на студијата од 2023 година.

„Најчестата придобивка што ја гледаме е прекрасната портокалова боја, која доаѓа од бета каротин“, вели нутриционистката Моника Дагостино, додавајќи дека кога оваа супстанца ќе влезе во телото, таа се претвора во витамин А, кој е неопходен за здравјето на очите, производство на крвни зрнца и имунолошки одговор, а како силен антиоксиданс помага во борбата против слободните радикали.

Слободните радикали прават пустош во организмот со тоа што ги оштетуваат здравите клетки, предупредува Дагостинова. Бета каротенот делува како нивен неутрализатор, кој може да помогне да се спречи прогресијата на болести, вклучувајќи срцеви заболувања, па дури и рак.

„Исхраната богата со антиоксиданси може да помогне во намалувањето на хроничното воспаление во нашите тела со текот на времето. Високата содржина на витамин Ц во дињата е исто така особено корисна за апсорпција на железо“, истакнува Брантова.

Колку диња треба да јадете?

Една шолја свежо исечкана диња содржи 53 калории, што е еквивалентно на една порција. Оваа количина обезбедува дневна доза на витамин А, содржи шест проценти од дневните потреби за влакна и е речиси доволна за да се обезбеди препорачаната дневна потреба од витамин Ц.

Според Светската здравствена организација, секој ден треба да консумираме најмалку пет порции овошје и зеленчук, вкупно околу 80 грама по порција.

Доколку уживате во дињата и сакате да ја вклучите во вашето овошно мени, Дагостинова советува токму ова овошје да прави две порции во текот на денот.

Со која храна добро оди дињата?

Диња прави одлична освежителна ужина или додаток на летните салати, а комбинирањето со храна богата со антиоксиданси, влакна и течности може да ви помогне да постигнете разновидна исхрана.

„Кога се консумира заедно со други овошја богати со растителни влакна, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, семки и мешунки, дињата може да биде одличен сојузник на патот кон зголемување на вкупната количина на влакна и вода во телото, што ќе помогне во потенцијалните проблеми во дигестивниот систем“, открива Моника Дагостино.

Според неа, коцките диња се одлични и со бобинки, јаткасти плодови, грчки јогурт и свежо сирење.

Разновидноста е клучна, а за да се постигне добро балансирана исхрана, важно е да се јаде разновидно овошје богато со хранливи материи, нагласува Дагостинова.

Покрај дињата, овошјето кое може да се пофали со слични здравствени придобивки – грејпфрут, шипинка и папаја, исто така, се сметаат за храна богата со калиум, влакна и антиоксиданси, покажуваат резултатите од истражувањето.

Хоуп Брант истакнува дека во салатите со лиснат зеленчук, дињата нуди изненадувачка придобивка.

Лиснатиот зеленчук, како што вели, е полн со железо, а на телото често му е потребна дополнителна помош при апсорпција на железо од растителна храна, а витаминот Ц кој се наоѓа во дињата може поефикасно да го води овој процес“, објаснува Брантова.

Треба да знаете
Последни објави