Search

Сијарто: Унгарија шокирана од изјавите за испраќање западни трупи во Украина

Унгарија е шокирана од изјавите за испраќање западни трупи во Украина, можната употреба на нуклеарно оружје или дури и воведувањето задолжителна воена служба во Европа, изјави во Минск унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На прес-конференцијата на која присуствуваше со неговиот белоруски колега Сергеј Алејник, Сијарто рече дека двете земји секојдневно се соочуваат со „драматичните последици“ од војната во Украина, се вели во соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи, пренесе МТИ.

– Ние, Унгарците, веќе плативме огромна цена, без разлика што тоа воопшто не е наша војна… Целта на Унгарија е јасна: сакаме да се држиме настрана од таа војна во соседна Украина – изјави Петер Сијарто.

Тој посочи дека војната нема воено решение, додавајќи дека „на бојното поле има само смрт и уништување“.

Но, „се додека сме во владата во Унгарија, нема да дозволиме ниту еден Унгарец да биде одведен на украинско-рускиот фронт… ние цврсто протестираме против воведувањето на задолжителна воена служба во Европа“, рече тој.

– Патот до мир започнува со прекин на огнот, а потоа следат мировни преговори – рече тој и побара од Белорусија „да направи се за да се осигура дека војната, страдањата и бесмислените убиства ќе завршат во Украина и дека сите ќе можеме повторно да живееме во мир во регионот“.

– Повторното појавување на блокови во светот претставува „сериозен долгорочен ризик“, рече Сијарто, додавајќи дека тоа е спротивно на интересите на Унгарија.

– Сакаме светот да преземе чекори кон поврзување и меѓународна соработка… сметаме дека ни требаат што помалку санкции и што е можно поголема соработка – нагласи тој.

Треба да знаете
Последни објави