Search

Приведен измамник, спроведен за издржување на затворска казна

На 28.05.2024 во 15.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(34) од Скопје.  

При извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден во СВР Куманово, по што бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави