Search

Иран планира да го зголеми производството на нафта

Иран планира да го зголеми производството на нафта од 3,6 на четири милиони барели дневно.

Според агенциите, Иран во првиот квартал од оваа година просечно извезол 1,56 милиони барели нафта дневно.

Минатата година Техеран извезол во просек 1,29 милиони барели дневно, што е за 50 отсто повеќе од 2022 година.

– Иранците научија како да ги заобиколат американските санкции. Ако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден навистина сака да биде успешна во спроведувањето на санкциите, таа мора да се фокусира на Кина, најави претходно шефот за геополитички ризик во Рапидан енерџи груп, Фернандо Фереира.

Министерскиот состанок на земјите-членки на ОПЕК плус нафтениот картел, на кој припаѓа Иран, ќе се одржи на 2 јуни во онлајн формат.

Истиот ден ќе се одржи и конференцијата на земјите од ОПЕК, која редовно се одржува еднаш на шест месеци.

Неколку земји од ОПЕК плус, вклучувајќи ги Русија и Саудиска Арабија, доброволно го намалија производството на нафта за вкупно 2,2 милиони барели дневно на почетокот на првиот квартал за да се балансира пазарот.

Првично беше планирано оваа мерка да се применува само во првиот квартал, но на почетокот на март членките на нафтениот картел ја продолжија нејзината важност и во вториот квартал.

Треба да знаете
Последни објави