Search

Еве зошто не треба да чувате зачини во стаклени садови

Иако многу луѓе користат стаклени садови за складирање на храна, кога станува збор за зачините, тоа не е правилно.

Стаклените садови во кои се сместени зачините може да изгледаат убаво. Меѓутоа, ако ги чувате вашите зачини во стаклени садови долго време, тие ќе го изгубат интензитетот на мирисот и вкусот. Доколку забележите дека вашите зачини немаат препознатлива боја, и не можете да ги помирисате, тогаш време е да ги фрлите.

Имено, повеќето зачини имаат рок на траење од две до три години, но според Мет Вебстер од „Seasoned Pioneers“, зачините можеме да ги користиме и повеќе од пет години доколку сме ги складирале правилно.

Тој наведува дека „секогаш треба да ги чувате зачините во херметички и непроѕирни контејнери доколку сакате да ја зачувате аромата и текстурата на зачините“. Тој понатаму препорачува да користите кесички за зачини, бидејќи на тој начин се обезбедува долговечност на производот, се штити од оксидација и се одржува сув и свеж. Вебстер забележува дека треба да ги чувате зачините подалеку од извори на топлина, како што се печка или машина за миење садови.

Треба да знаете
Последни објави