Search

Георгиев: Во еден догледен период ВМРО-ДПМНЕ ќе ја отвори европската врата со внесување на Бугарите во Уставот

„Јас јавно заговарам од првиот момент, а сега се повеќе и повеќе дека во еден догледен период има механизми како ВМРО-ДПМНЕ со овој легитимитет да влезе и да ја отвори европската врата, а тоа ќе го поддржиме сите. Со тоа што ќе ги внесеме Бугарите во Устав. Они се сега во занес, ќе видиме колку ќе трае. Мислам дека ако го направи тоа ВМРО, без притоа многу да трпи последици по неговото гласачко тело кое главно е клиентилистичко, но и овие големиот број што гласаа против СДСМ и за ЗНАМ, секако сакаат европска перспектива. Тоа ќе биде порака и до ДУИ, почнавме преговори, еве можат и други албанци да донесат европска перспектива“ посочи аналитичарот Гордан Георгиев на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Во однос на Грците, Георгиев посочува дека прашањето за името е хиперсензитивна тема, при пристојна влада од таа страна, но сепак дека се очекува од Грција заладување на односите.

„Ова е само фрлање на морков на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе водиме потврда политика“ рече Георгиев.

Треба да знаете
Последни објави