Search

Тешка сообраќајна несреќа кај Младеновац: автобус удри во автомобил, има загинати, над 20 лица се повредени

Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.

Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.

Утрово во 5 часот и 40 минути на приодниот пат кој води од Младеновац кон автопатот и клучката Мали Пожаревац, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.

Повредените со брза помош и приватни автомобили се пренесени во Ургентниот центар.

Истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави