Search

Ахмети денеска ќе ги каже идните чекори од Мала Речица

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт откако вчера се конституира новиот собраниски состав и во пресрет на објавата на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада.

На прес-конференцијата Ахмети ќе го придружуваат партнерите од Европскиот Фронт.

Ахмети вчера на конститутивната седница одби да коментира за позициите на Европскиот фронт откако остана во опозиција. Пратениците од Европскиот фронт не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

За Европскиот фронт е неприфатливо да бида опозиција зашто тие се победници на парламентарните избори и според нив, тие имаат легитимитет да ги претставуваат Албанците.

Треба да знаете
Последни објави