Околу еден милион Палестинци побегнаа од областа Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во последните три недели, откако Израел издаде наредба за евакуација на почетокот на месецот, објави УНРВА.
„Ова се случи без безбедно место и среде бомбардирање, недостаток на храна и вода, купишта отпад и несоодветни услови за живот“, соопшти агенцијата за помош на ОН за Палестинците.