Патник трчал гол низ авион на лет во Австралија

Поради патник кој се соблекол и трчал околу кабината на домашен лет во Австралија, соборувајќи ја стјуардесата, авионот се вратил на аеродромот на поаѓање, каде што е уапсен патникот, соопштија денеска властите.

Инцидентот се случи синоќа на почетокот на тричасовниот лет на Вирџин Аустралиа меѓу градовите Перт, на западниот брег и Мелбурн, на источниот брег на Австралија.

По апсењето, патникот бил „сместен во болница за да се процени неговата состојба“, соопшти полицијата.

Авиокомпанијата им се извини на патниците.

Треба да знаете
Последни објави