Најмалку 13 загинати при уривање на каменолом во Индија

Најмалку 13 луѓе загинаа при уривање на каменолом во североисточна Индија поради обилни дождови. Уште 16 работници се водат како исчезнати.

Спасувачите ги извлекле телата на настраданите од каменоломот во Мелтум, а успеале да извлечат и двајца преживеани.

Областа се уште се пребарува за да се утврди дали се уште има живи затрупани работници, соопштија властите. Во североисточна Индија со денови паѓаат обилни дождови по тропската бура Ремал.

Треба да знаете
Последни објави