Директор осуден на смрт за корупција во Кина

Кинескиот суд денеска го осуди поранешниот извршен директор на Хуаронг Баи Тианхуи на смртна казна поради корупција, објави денеска кинеската телевизија CCTV.

Според кинески извори, Баи Тианхуи примил мито во износ од 1,1 милијарда кинески јуани или околу 140 милиони евра во периодот од 2014 до 2018 година, се наведува во објаснувањето на судот.

Тој ја злоупотребил својата положба за да им „помогне“ на одредени субјекти при преземање проекти и корпоративно финансирање.

Износот на поткупот што го зеде Баи беше „огромен“, а судот наведе дека „социјалното влијание на овој настан беше особено катастрофално и предизвика сериозни загуби на интересите на државата и народот“, се вели во соопштението.

Во јануари 2019 година, кинеските обвинители наредија апсење на четворица поранешни директори на Хуаронг под сомнение за корупција, вклучувајќи го и Баи Тианхуи.

Со покренување на кривична постапка тие автоматски ги загубија функциите, како што е практика во Кина.

Треба да знаете
Последни објави